Авто школата „Старс инженеринг“ донираше заштитни визири

Недостигот на потребната заштитна опрема за здравствените работници континуирано се покрива со акции на цивилниот сектор. Затоа денес Авто школата „Старс инженеринг“ донираше и обезбеди 100 заштитни визири за дел од охридските здравствени работници.

Авто школата „Старс инженеринг““ денеска донираше 50 заштитни визири на Заводот за рехабилитација, превенција и лекување на кардиоваскуларни заболувања Св. Стефан во Охрид, 40 заштитни визири на управата во Општата болница Охрид која ќе ги распредели, а дополнително уште десет се донирани на Одделението за уво, грло и нос во оваа здравствена организација.

Галерија

Поврзани блог статии