Брошура на Авто школата „Старс Инженеринг“ за безбедност на пешаците во сообраќајот

Сообраќајна култура, е многу важен елемент за безбедноста во сообраќајот и не подразбира само познавањето на сообраќајните правила и пропси и умеење да се управува возило, туку и начинот на движење и однесувањето на учесниците во сообраќајот има важна улога за безбедноста. 11 мај е светски ден на културатра во сообраќајот. По тој повод ние изработивме пригодна брошура посветена на безбедноста на пешаците и правила кои треба да ги знаат овие учесници во сообраќајот.

Улогата на семејството и воспитно-образовните институции имаат важна улога во развивањето на сообраќајната култура на нашите деца. Затоа нашиот однос во сообраќајот во улога на пешак или возач на возило со нашето дете, како и почитувањето на сообраќајните правила има големо влијание во развивање на сообраќајната култура на детето како учесник во сообраќај.

Културата и етиката во сообраќајот се учат од мали нозе. Исто е и со навиките. Тие се создаваат со правилна сообраќајна едукација, оттаму обврска на сите општествени чинители, но и на сите нас, е да ги уи учиме децата уште од најмали нозе како да бидат безбедни и примерни учесници во сообраќајот, порачуваат од Авто школата „Старс Инженеринг“, која речиси три децении неуморно работи на едукација и подобрување на безбедноста во сообраќајот.

Поврзани блог статии