Авто школа „Старс Инженеринг“ едуцира и подарува

Во пресрет на Светскиот ден на велосипедот – 3 Јуни, Авто школата „Старс Инженеринг“, како општествено одговорна компанија, реализира креативна, едукативна кампања, која има за цел подигнување на јавната свест за потребата и корисноста од употребата на велосипеди, во насока на подобра урбана мобилност, поголема безбедност во сообраќајот и заштита на животната средина, како и за потребата од подобрување на велосипедската сообраќајна инфраструктура.

По тој повод Авто школата „Старс Инженеринг“ објавува Награден ликовен конкурс на тема: „Како треба да изгледа безбедно возење велосипед во сообраќајот“.
ПРАВИЛА НА УЧЕСТВО
• Право на учество на конкурсот имаат лица над 10 годишна возраст (најниска дозволена возраст за управување велосипед во сообраќајот).
• Тема на конкурсот е: „Како треба да изгледа безбедно возење велосипед во сообраќајот“.
• Едно лице може да учествува на наградниот ликовен конкурс само со еден ликовен труд.
НАГРАДИ
Организаторот на конкурсот за најдобрите ликовни трудови на зададената тема, обезбеди повеќе награди:
• Прва награда – Заштитна кацига за велосипед
• Втора награда – Светла за велосипед
• Трета награда – Катинар за велосипед
НАЧИН НА УЧЕСТВО
• Ликовниот труд со кој кандидатот учествува на конкурсот, треба да биде потпишан со шифра и заедно со контакт телефонски број да се достави во просториите на Авто школата „Старс Инженеринг“ на ул. „Димитар Влахов“ бр. 48, најдоцна до 2 јуни до 12 часот.
Ликовниот труд треба да биде спакуван во затворено големо плико во кое треба да има и мал плик со податоците на кандидатот: име, презиме, адреса и контакт телефон.
• Во текот на подготовката на ликовниот труд, кандидатите се охрабруваат да направат повеќе фотографии и една со завршениот цртеж, кои треба да ги зачуваат на паметен телефон, таблет или компјутер. Фотографиите (најмногу 5) доброволно треба да се достават до организаторот на наградната игра до 02.06.2020 година до 12 часот, на следната е-mail адреса: stars.inzenering@gmail.com, со напомена: За награден ликовен конкурс.
Во содржина да се наведе шифрата на цртежот, име и презиме, и телефон за контакт.
• Докажувањето на сопственоста на наградените ликовни трудови ќе се врши преку доставените дигитални фотографии.
ИЗБОР НА НАГРАДЕНИ
• Изборот на најдобрите ликовни трудови на наградниот конкурс на АШ „Старс Инженеринг“, ќе го направи жири комисија, формирана од авто школата, во чиј состав ќе има и наставници по ликовно образование. • Добитниците на наградите ќе бидат јавно објавени на интернет порталот ohridnews.com на 3 јуни, како и на социјалните мрежи.

Поврзани блог статии