Протокол за работа на школите за обука на возачи

Задолжително користење на заштитна маска од страна на кандидатот и инструкторот при обука на терен со возило.
После секоја обука на поединечен кандидат, задолжителна е дезинфекција на внатрешноста на возилото.
Организирање на теоретска настава во училница со почитување на мерките за физичко растојание помеѓу клупите од 1,5-2м и задолжително носење на заштитни маски од слушателите и предавачот.
Поставени средства за дезинфекција пред влез во училницата и редовна дезинфекција и одржување на хигиената и проветрување по секое одржано предавање.
Три лица е максималниот број лица во возилото при спроведување на полагањата на кандидатот со носење на задолжителна заштитна маска на сите лица во возилото

Поврзани блог статии