Корисни совети за возачите на возилата

- На предно седиште никогаш не превезувај дете помало од 12 години и лице под дејство на алкохол;
 
- Децата до 5 годишна возраст да се превезуваат во специјално детско седише вградено на задното седиште во возилото, освен за деца до 2 години, специјалното детско седиште може да биде сметено на предното седиште спротивно од правецот на движење на возилото и нема воздушно перниче или е исклучено;
 
- Две деца до 10 годишна возраст се сметаат како едно лице;
 
- Патниците кои ги превезуваме да бидат врзани со сигурносни појас на предното и задните седишта;
 
- Возач-почетник е лице со положен возачки испит од АМ,А1,А2,А и Б-категорија две години од денот на положен возачки испит;
 
- Возач-почетник  смее да управува возило од Б-категорија до 77 kw, А-категорија до 40kw   и А2-категорија до 25kw;
 
- Возач-почетник не смее да уравува возило од 23-05 часот, освен со лице над 25 години кое што има најмалку 2 години возачко искуство и алкохол 0,00% промили.

Поврзани блог статии