Корисни совети за возачите на моторцикли

Возење моторцикл или скутер претставува уживање и задоволство, само ако се почитаваат основните правила за управување на моторцикл или скутер.
 
  • Кацигата задолжителна е не само за возачот, туку и за лицето кое се превезува на мотрцикл;
  • Да внимаваме на туѓи грешки во случај кога се движиме зад друг учесник во сообраќај кога без да вклучи покажувачи на правецот-жмигавеци превзема дејствие свртење лево или десно, ненедејно ја намалува брзината на движење возилото, на крстосницата возилото е неправилно престроено или неправилно се вклучува. Сите овие грешки на возачите можеме да ги избегнеме со моторцикл, само доколку го следиме сообраќајот и одржуваме доволно растојание од возилата;
  • Неприлагодена брзина на движење  е најчеста причина за случување на сообраќајна незгода;
  • Внимателно и претпазливо да се движиме со моторциклите на дел од коловозот каде што има  отворени шахти и ударните дупки, кога се движиме по влажен коловоз и поставената хоризонталната сигнализација,  пешачки премин и др.ознаки на коловоз, маснотии на коловозот , кога поминуваме во близина на пешаци, кога  на коловозот има ризла и слично.
  • Постојано да се следи ретровизор, особено при секоја промена на првецот на движење со благовремено вклучување на жмигавците;
  • Сопатникот да го запознаеме со основните правила како што се: да   не се поместува на седиштето, да не се јавува на телефон, да не спушта нога во текот на запирање, да има правилна положба при движење во кривини заради одржување на страна и правец на движење.

Поврзани блог статии