ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ
- Услови за управување со електричен тротинет
Со електричен тротинет може да управува лице кое навршило 14 години. Возачот на електричен тротинет не смее да превезува други лица за време на управување со возилото.
- Како да се движиме со електричен тротинет - страна на движење
Возачот кој управува електричен тротинет е должен да го управува возилото покрај десниот раб на коловоз во однос на правецот на движењето на сообраќајот.
Ако на патот постои посебно уредена велосипедска лента или велосипедска патека возачот на електричен тротинет е должен да се движи по велосипедската патека, односно лента во правецот на движење на сообраќајот, а доколку истите не се изградени, по пешачка патека,односно друга површина наменета за движење на пешаци.
По патеките за движење на пешаците, освен лицата со инвалидски колички кои неможат да се движат со брзина поголема од брзина на пешачки од во иднина по оваа површина ќе се движат и електричните тротинети со брзини не поголеми од брзина на пешаците, односно
6км/час во однос на правецот на движење на сообраќајот.
Возачот на електричниот тротинет кога е движи по велосипедската патека, односно лента не смее да се движи со брзина поголема од
25км/час.
Ако двајца или повеќе возачи на електричен тротинет се движат во група, истите се должни да се движат еден позади друг.
Возачот на електричен тротинет, може да се движи само по оние сообраќајни површини каде што е дозволено движење со такви возила.
Возач на електричен тротинет, за времето додека управува со возилото не смее да води животни.
Возачот на електричен тротинет, за време на уравување со возилото не смее да превезува предмети кои што би претставувале пречка за нормално одбивање на сообраќајот.
- Начин на уравување на електричен тротинет
Возачот на електричен тротинет е должен да управува со возилото на начин на кој не се намалува стабилноста на возилото и не се попречуваат другите учесници во сообраќајот, а особено не смее да ги симнува рацете од управувачот, да се придржува за друго возило, да превезува, влече или турка предмети што можат да го попречуваат во управувањето со возилото или да ги загрозуваат другите учесници во сообраќајот.
Возачот на електричен тротинет треба да носи заштитен шлем на главата за време на управувањето на возилото.
Возачот на електричен тротинет, од првиот самрак до потполно разденување, како и во услови на намалена видливост, е должен да носи рефлектирачки елек за време на управувањето на возилото.
На електричниот тротинет задолжително треба да има светло во бела боја на предната страна и светло со црвена боја на задната страна.