ПРАВИЛА НА КРСТОСНИЦИ

Правила на крстосници

Моторни возила спротивно поставени
Мoторно возило кое што на крстосницата свртува во лево е должно да ги пропушти сите моторни возила од спротивната насока кои со движење продолжуваат право или свртуваат во десно.

Моторни возила бочно поставени
Предност има моторното возило на кое што му е слободна десната страна.

ПРИМЕРИ:
Предност има МВ со вклучено ротационо светло, а потоа како бочно поставени возила 4,31

Предност има шинското возило означено со број 1, потоа возилото на кое што правецот на движење не се сече со останатите возила, возило означено со бр.3 и остануваат две возила како спротивно поставени 4,2

Се работи за крстосница со патишта од иста важност, бидејќи правците на движење на сите возила се сече, као бочно поставени возила предност има запрежното возило, ПМВ и БУС.
Шинското возило ако се наоѓа на пат со првенство на минување има предност во однос на сите возила но, не и во однос на возилата со право на првенство на минување со вклучено ротационо светло, а на спореден пат има предност само во однос на возилата на споредниот пат.

Шинското возило се наоѓа на пат со првенство на минување но, мора да го пропушти возилото со право на првенство на минување, потоа ќе оди шинското и последно возилото означено со број 1.

На сликата предност има возилото означено со број 2, потоа ќе ја напушти крстосницата шинското возило и возило озналено со број 3.
Крстосување на пат со првенство на минување
Сообраќаен знак кој означува спореден пат, што значи обврска за возачите внимателно и претпазливо да се движат, по потреба да го запрат движењето и да ги пропуштат возилата кои се движат на пат со првенство на минување.

Задолжително запирање-СТОП
Сообраќаен знак кој означува спореден пат, сите возачи задолжително мора да го запрат движењето и да им отстапат предност на сите возила кои се движат на пат со првенство на минување.

Пат со првенство на минување
Сообраќаен знак кој означува пат со првенство на минување-главен пат, учесниците во сообраќајот имаат првенство на минување во однос на возилата на споредните патишта. Доколку краците означени со овој сообраќаен знак се спротивно поставени и правците на движење на возилата се сечат се применува правилото за спротивно поставени возила.

Простирање на пат со првенство на минување
Крстосниците регулирани со овој сообраќаен знак каде што краците со првенство на минување се бочно поставени се применува правилото за бочно поставени возила

ПРИМЕРИ:
Предност на овие крстосници имаат возилата со право на првенство на минување со вклучено ротационо светло во конкретниот случај полициското возило, потоа ние во улога на возач бидејќи се наоѓаме на пат со предност и се движиме право, потоа возило бр.2 и на крај возило бр.1

Во улога на возач се наоѓаме на пат со предност, меѓутоа бидејќи свртуваме во лево мора да го пропуштиме возилото од спротивната насока кое се движи право возило бр.2, потоа возило бр.1 и на крај возилото на брза помош.

Се наоѓаме на спореден пат и свртуваме во десно, што значи имаме обврска да ги пропуштиме возилата кои што се на пат со првенство на минување и доаѓаат од нашата лева страна-возилото на брза помош, потоа со возилото бр.1 одиме истовремено бидејќи правците на движење не ни се сечат и последно ќе биде возилото означено со бр.2

Се наоѓаме на спореден пат се движиме право, што значи го преминуваме патот со првенство на минување, предност имаат возилото бр.1и 2, а потоа ние можеме да ја преминиме крстосницата, а возилото бр.3 е последно.

Се наоѓаме на спореден пат и се движиме во лево на крстосницата, што значи последни ќе ја напуштиме крстосницата, односно прво оди возилото означено со бр.1,3,2.
Предност има МВ, кое што на крстисницата се движи право или свртува во десно, ако на крстосницата има зелено светло на семафор, а потоа возилата кои свртуват во лево.

Возилата со право на првенство на минување, мора да причекаат промена на светлосниот сигнален уред, ако на кракот од крстосницата каде што се движат на светлосниот сигнален уред-семафорот е вклучено црвеното светло.

Ако на семафорот има вклучено дополнително зелено светло возачите можат да ја напуштат крстосницата и да се вклучат во десно,откако ќе го пропуштат движењето на возилата од нивната левата страна и пешаците.

ПРИМЕР:
Во улога на возачи, согласно поставената сигнализација светлосниот сигнален уред-зелено светло на семафорот ние имаме предност во однос на возилото од спротивната насока.
ПРИМЕРИ:
Моторните возила кои што доаѓаат од правецот и грбот и градите несмеат да ја напуштат крстосницата.

Дозволено е минување за МВ кои што доаѓаат од правецот на бочните страни.

Моторните возила кои што со правецот на движење ја сечат испружената рака на овластеното службено лице – полицаец несмеат да ја напуштат кртосницата.